четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

„Мојата вилица се откачи и се скрши на подот во кујната“ – Вил Смит откри како реагирал кога неговата ќерка ја видел во ова издание (ФОТО)

„Мојата вилица се откачи и се скрши на подот во кујната“ – Вил Смит откри како реагирал кога неговата ќерка ја видел во ова издание (ФОТО)

Неговите мемоари беа објавени во вторникот, 9 ноември.

Во книгата Вил Смит ја опишува својата реакција кога првпат ја видел ќерката Вилоу Смит со избричена глава.

Тоа се случило пред неколку години додека младата девојка била на едномесечна турнеја со канадската поп-ѕвезда Џастин Бибер.

Изведувачката му кажала на својот татко дека сака да се откаже пред да заврши договорениот период по европскиот дел на турнејата MyWorld. Но, Вилоу сепак морала да ги исполни обврските и да настапува во Австралија. Во знак на протест единствената ќерка на Вил една ноќ си ја избричила главата додека тој спиел.

„Утрото Вилоу дојде во кујната за појадок. Добро утро, тато!, рече таа радосно додека потскокнуваше накај фрижидерот“, пишува Вил во мемоарите. „Мојата вилица се откачи и се скрши на подот во кујната: мојата идна глобална суперѕвезда беше целосно ќелава“.

Медиумите потсетуваат дека оттогаш Вилоу си ја избричи главата многупати

Најнови вести