вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

“Мојот постар брат и учител умре на ист ден како и татко ми”: Бебан со емотивна порака за Глоговац

Актерот и музичар Вукашин Марковиќ, познат како Бебан покрај кој играше во "Porodičnom blagu" со својот емотивен поздрав привлече огромно внимание.
“Мојот постар брат и учител умре на ист ден како и татко ми”: Бебан со емотивна порака за Глоговац

Од починатиот актер Небојша Глоговац се простија бројни колеги, меѓу кои актери, музичари и други познати личности.

Актерот и музичар Вукашин Марковиќ, познат како Бебан покрај кој играше во “Porodičnom blagu” со својот емотивен поздрав привлече огромно внимание.

-Беше еден од хероите на мојата младост. Ги продавав твоите фори од филмовите, се прашував како си толку ладен како шприцер, а пак на сите потребен. Тогаш те сретнав и запознав, и имав чест да поминам четири години живот со тебе. Учев од тебе, прв пат во живо видов како некој толку е**но кул пуши цигара, и да е убав со сите заби, слушнав лудачко смеење и среќа на целата екипа кога ќе кажеш три збора, а ти не се ни насмевнуваш. И младите и старите колеги беа луди да бидат како тебе”…

“Дискретен херој со намуртен израз на лицето. Мој постар брат и учител засекогаш. Умре ист ден како и мојот татко. Седам на Калемегдан, се смеам и плачам во исто време. Се сеќавам колку беше голем и прекрасен. Ти благодарам за се, мој Глоги. Беше свој вид компас од вкус, мерка и вистинска човечка големина”… стои на крајот на постот.

Ова е една од епизодите во кои се појавуваат заедно:

Најнови вести