Шерон Стоун е една од ретките жени во Холивуд која гордо ги истакнува своите несовршености и не се плаши од бројот на свеќичките на роденденската торта.
Со својата нова изјава за ботоксот уште еднаш го потврди тоа. Имено, холивудската ѕвезда во своето последно интервју за „Вог Арабија“ (Vogue Arabia), откри дека веќе не планира козметички зафати, иако претходно користела ботокс, а еден од бившите партнери ја напушти поради оваа одлука… Не го откри неговото име.
– Мислам дека има нешто „секси“ во уметноста на достоинствено стареење и во несовршеностите. Сензуално е. Луѓето се плашат од промени и oд губењето нешто… Тие не разбираат дека така и добиваат нешто со тоа. На пр. кога јас го изгубив „полнењето“ во моето лице, добив одлични јаболчици, изјави таа.
Таа истакна и дека го зацврстила овој свој став по аневризмата во 2001 година, што за малку ќе ја чинело живот. Тогаш имала и операција што траела седум часа, а процесот на заздравуање, исто така, бил долг.