Тијана Максимовиќ, позната како Тијана Ајфон (29), никогаш не криела дека е приврзаник на естетската хирургија, а сега повторно си ставила силикони.
Според пишувањата на српските медиуми, нејзиното момче финансирало сè.
-Минатата недела ги замени старите импланти со нови, а операцијата во позната белградска естетска клиника ја плати нејзиниот нов емотивен партнер, вели извор близок на старлетата и додава:
– Таа сакаше малку поголеми гради во нова, поприродна форма, а со тоа се согласи и нејзиното момче. Операцијата е извршена за само еден ден. Тијана отишла на клиника околу 14 часот, а веќе околу 20 часот била дома, каде одмарала и ги почитувала правилата за опоравување, заклучува изворот.
Таа среде ноќ објави фотографија на својот профил и откри како го намалува отокот.
“Го отстранувам отокот со зелка. Јас излегов од селото, но селото не е од мене”, напиша таа.