Сите паметат дека српската пејачка со македонско потекло беше во брак со српскиот криминалец Зоран Шијан кој беше убиен, но малкумина знаат дека таа и пред Шијан имала момче со кое љубовта им завршила трагично.
-Пред Шијан имав момче кое се викаше Мита, држеше казина во Германија, но јас не ја знаев дека работел и друга работа, раскажува таа во емисијата „Гламур“.
Таа додава дека никако во животот да и тргне и да биде исполнета.
-Се запознавме на плажа и година дена бевме заедно, но тажна е нашата приказна, не сакам да се присетувам на тоа. Дојдовме од прослава за Нова година од Германија, а додека излегувавме од еден хотел во Белград се држевме за рака и еден човек се приближи многу блиску до нас и пукаше во него, раскажуваа таа.
Таа вели и дека тој пред да биде пукан ја турнал за да не настрада пејачката.
-Тешко го поминав тој период и секој ден плачев, вели Божиновска.