Модната дизајнерка Викторија Бекам (49) откри дека таа и Дејвид Бекам (48) на почетокот морале да ја чуваат својата врска во тајност.
Во вторникот беше објавен трејлерот за документарниот филм за нивното семејство „Бекам“, а Викторија во кратко видео изјави дека добиле наредба никому да не кажуваат дека се заедно.
-Мојот менаџер велеше: „Обиди се, чувај го во тајност“, рече Викторија.
Таа откри и како успеале да се гледаат без никој да ги забележи.
-Се гледавме на паркинзи, таму се криевме, не е толку излитено како што звучи, рече таа.
Откако раскажа за нивните почетоци, во објавата се појави и Дејвид кој накратко и низ смеа рече: „Класика“.
Новиот документарец се врти околу Дејвид и неговата успешна кариера. Исто така, ќе бидат прикажани моменти од неговата врска со Викторија, која започна во 1997 година. Дејвид и Викторија се запознале на еден од натпреварите на Дејвид, додека тој настапувал за Манчестер Јунајтед.