Бразилскиот модел и поранешна девојка на Канје Вест ги поминува празниците во самотија, на плажа во Рио де Жанеиро.
Џулијана Налу неодамна била фотографирана во црно минијатурно бикини кое го откривало секој дел од нејзиното тело, а нејзините облини се секогаш во прв план за фотографирање.
Како што пишува „Daily Mail“, 24-годишната манекенка моментално ужива во самотија и се чини дека ѝ била потребна оддишка од 2-месечната врска со американскиот рапер.
Насмевката на лицето вели сè, Џулијана Налу го „слави“ раскинувањето со Канје Вест.
За потсетување, веста дека бразилскиот модел и контроверзниот рапер не се во врска изненади многумина. Кон почетокот на декември, самата Налу обелодени дека не е во врска со раперот и тоа по пат на социјалните мрежи.