Пејачот Ацо Пејовиќ е еден од ретките јавни личности кој и покрај огромниот успех и популарност успеа да го задржи својот дом и најблиските подалеку од очите на јавноста.
Долги години е во брак со сопругата Билјана, која е доктор на економски науки и со која има три ќерки: Марија, Магдалена и Ива.
Ацо често истакнува колку му дава поддршка сопругата Билјана, а неодамна откри и со какви здравствени проблеми се справува.
-Ми кажаа дека само еден од илјада преживува кога ќе пукне аневризма. Докторот кој ја однесе на операција ги повика моите деца да ја видат бидејќи можеби тоа е последен пат, изјави неодамна Пејовиќ.