Популарниот српски пејач Жељко Самарџиќ (64) потполно го промени својот изглед, а на прв поглед ретко кој може да го препознае.
Иако сите беа изненадени кога ја пушти брадата и мустаќите тој не сакаше да го менува стилот поради мислењето на другите, а сега кога сите се навикнаа на неговиот изглед пејачот одлучи дека дојде време за промена.
View this post on Instagram
Имено пејачот целосно ја избричи брадата и мустаќите кои беа негов заштитен знак во последниве неколку години и сега се врати буквално стариот Жељко од пред неколку години.
Тој на својот Инстаграм профил сподели фотографии со фановите од неговиот нов имиџ, а тие веднаш го преплавија со позитивни коментар.
„Браво конечно оној стариот Жељко“, „Брадата имаше посебен шмек, но ова си ти“, „Сега сте супер“, се само дел од коментарите под фотографиите.
Инаку Жељко Самарџик во едно интервју дадено за КУРИР неодамна раскажа и за тоа како го променил својот изглед пред неколку години, а сето тоа започнало од Охрид додека бил на летување.
View this post on Instagram