Пејачот Саша Матиќ во интервју за српски „Хелоу“ открил дека кралот на народната музика, Шабан Шаулиќ, кој почина во сообраќајна несреќа во Германија, се плашел да се вози со автомобил и тој го споделил стравот во разговорите со него.
Кога последен пат го видов, го прашав: “Шабане, што возиш сега?” Тој вели: “Ма, некое „Фиат Стило“. Не ми се допаѓаат големи автомобили. Се ежам кога во странство ќе ме пречекаат возачи на некој автомобил со јака кубикажа. Па уште, кога еден дечко ме возеше дава полн со гас за да ме фасцинира … Му кажувам: “Ма, оди по ѓаволите бре човеку”. Се навозив во животот јас брзи и скапи автомобили. Доста ми е од тоа “, рече Матиќ, мислејќи на смртта на големата ѕвезда на народната музика што го потресе Балканот.