четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Муза на првенствата: Некогашното прво деколте на Мундијалите повторно ги освојува навивачите (ФОТО)

Муза на првенствата: Некогашното прво деколте на Мундијалите повторно ги освојува навивачите (ФОТО)

Лариса Рикелме, преубавата Парагвајка ја маѓепса светската јавност на Мундијалот во 2010. во Јужна Африка како најубава навивачка во боите на својата репрезентација.

Таа во дрес со длабоко деколте, каде што го чуваше мобилниот телефон, ги бодреше фудбалерите на тоа Светско првенство кое се одржа пред осум години.

Набрзо таа слика стана синоним за тоа Првенство, а таа од светските медиуми доби статус на најсекси навивачка. Оваа бринета со својата убавина и облини макар на кратко го украде шоуто на фудбалерите и сите очи беа вперени кон неа.

 

Денеска има 33 години, а познато е дека тоа првенство и беше отскочна даска за да стане фотомодел и ТВ водителка. Таа ја красеше насловната страница на Плејбој во 2013. година, а се омажи за парагвајскиот репрезентативец Џонатан Фарб.

Активна е на социјалните мрежи каде што објавува слики со кои сака да покаже дека и денес, осум години подоцна не е ништо помалку атрактивна.

Во моментот живее во Мексико заедно со сопругот и ќерката, каде што се преселија минатата година, кога Џонатан почна да игра за „Лобос“.

Лариса, освен со моделинг, повремено се бави и со глума. Нејзиниот последен проект беше серијата „Antes des medioda“ од 2015. во која таа се глумеше самата себе.

Пред три години учествуваше во познатото шоу „Танц со ѕвездите“.

Можеби на прв поглед е непрепознатлива, но без сомнеж ќе остане запаметена по надимакот „World Cup’s Girldfriend“ кој и го додели Марка, најголемиот спортски магазин во Шпанија.

 

Најнови вести