четврток, 2. мај 2024. Вести денес: 0
home Познати

Музичкиот пар ужива на плажа, а таа повторно гордо ги покажа своите бујни облини (ФОТО)

Музичкиот пар ужива на плажа, а таа повторно гордо ги покажа своите бујни облини (ФОТО)

Камила Кабељо неодамна јасно порачала дека си го сака своето тело такво какво што е и дека мислењето на другите не ја интересира, а на плажата во Мајами таа не се одвојувала од своето момче Шон Мендес.

Музичкиот пар е во врска повеќе од две години, а овојпат фотографите успеале да ги „уловат“ на плажа на Флорида каде покажале што значи да се биде заљубен до уши. Камила повторно ја покажала својата бујна фигура на тело на која е и повеќе од горда.

Додека разменувале нежности не им било гајле за папарацо фотографите, но судејќи по изразот на Камила сепак таа не била толку воодушевена што постојано се на мета на фотографите.

Поп-ѕвездата во последно време се наоѓа на насловните страници на светските медиуми, и тоа поради тоа што храбро одлучи на сите да им ги покаже т.н. несовршености на телото какви што многу од жените ги имаат денес, но за жал се срамат од истите.

Но, Камила без проблем се шета облечена во тесни алишта, го покажува голиот стомак и своите облини како и природното лице без шминка.

Камила и на ТикТок објавила видео во кое проговорела за својот физички изглед и јасно порачала дека го сака своето тело такво какво што е.

Пејачката во едно од своите интервјуа признала и дека се бори со анксиозност поради која често во последните месеци се чувствувала лошо за било што и да правела.

Признала и дека животот ѝ бил преполн со токсичен стрес поради кој патело нејзиното ментално здравје.

„Ми беше навистина тешко. Често сметав дека нешто не е во ред со мене. Мислев дека не сум доволно добра, а сè уште чувствувал последици од тоа“, открила Камила која се прослави уште како тинејџерка во музичката група Fifth Harmony.

Најнови вести