Успешниот хрватски модел Патрик Цветко почина на 28 годишна возраст.
Хрватските медиуми јавуваат дека Патрик доживеал епилептичен напад, а веста за неговата смрт ја потврдиле неколку негови пријатели.
-Многу брзо откако почнав да рбаотам како модел во Хрватска, стигнаа и првите договори од странство. Првата поголема кампања ја работев за германскиот бренд C&A и ја продолжив соработката со нив уште една година, изјавил во една прилика тој.
Открил дека сака да патува, односно дека е зависен од патувања.