Актерката Лидија Вукичевиќ во јули наполни 60 години, но нејзиниот изглед остава впечаток на многу помлада жена.
Покрај добрата генетика, Лидија се грижи за исхраната и редовно вежба, а не крие дека во тоа е тајната на нејзиниот младешки изглед. Лидија го носи епитетот на занесна црнка, а кадравата коса е нејзин заштитен знак.
Неодамна ја испегла косата и малкумина ја препознаа.
Лидија сега се одлучи за уште една промена.
Имено, таа ја обои црната коса во црвена боја, а на следбениците на Инстаграм им ја покажа фризурата.