Во средата вечерта, Чарлс Трети се сретнал со премиерката Лиз Трас, а кралот набрзо стана главна тема на коментарите на социјалните мрежи поради начинот на кој ја поздравил премиерката.
Трас му се поклонила на Чарлс со зборовите: „Ваше височество“, а Чарлс ѝ рекол: „Повторно сте тука.
„Тоа е големо задоволство“, рекла Трус.
„Драга, ох драга. Како и да е“, продолжил Чарлс.
A scene straight from the Office.
Truss: “Your Majesty… Lovely to see you again.”
King: “Back again. Dear oh dear. Anyway…”
Political awkwardness and unintentional comedy at its finest.
— Dr. Jennifer Cassidy (@OxfordDiplomat) October 12, 2022
Видеото од оваа средба брзо стана вирално, а оние кои го видоа видеото меѓу другото коментираа дека премиерката Трас сигурно се запрашала што се случува кога Чарлс вака ѝ се обратил.
Иако како што може да се заклучи од видеото, да се работело за некој друг немаше да се дигне толку голема врева околу пречекот што ѝ го приредил Чарсл на премиерката, сепак оваа средба привлече толкаво внимание бидејќи сепак станува збор за официјална средба , а секоја постапка на кралот Чарлс е под лупата на јавноста.
Чарлс Трети ќе биде крунисан на 6 мај следната година во лондонската Вестминстерска опатија. Новиот монарх најави помалку раскошна монархија под неговата палка, а крунисувањето ќе биде првиот показател за тоа. Тој најави дека неговото крунисување ќе биде поскромно од крунисувањето на Елизабета Втора, кое траеше три часа.