вторник, 2. јануари 2024. Вести денес: 0
home Познати

НА ДЕНЕШЕН ДЕН: Почина српската писателка Исидора Бјелица

НА ДЕНЕШЕН ДЕН: Почина српската писателка Исидора Бјелица

На 52-годишна возраст, на денешен ден почина српската писателка Исидора Бјелица, по долгогодишната битка со ракот.

Исидора Бјелица е родена на 10 декември 1967 година во Сараево каде и завршила гимназија, а потоа дипломирала на Факултетот за драмски уметности во Белград, отсек драматургија, и магистрирала со тезата „Технотрилер како современ облик на трагедија“.

Авторка е на над 40 книги посветени на различни генерации, а освен тоа пишувала и повеќе театарски текстови и радио драми. Режисерка е на филмот „Дорќол-Менхетн“, а во театар ја режираше „Сарајка во Белград“ и комедијата на својот сопруг, Небојша Пајкиќ, „Мархатана“.

Како телевизиски автор работеше на неколку проекти, од тоа „Клот-Фркет“ на БК телевизија и БН телевизија и „Љубовниот водич на Исидора“ на телевизијата Метрополис.

Бјелица долги години се бореше со болеста, за којашто често пишуваше во своите книги, но и за што често говореше во јавноста.

Најнови вести