Италијанскиот репрезентативец и капитен на Фиорентина пред две години на овој ден беше пронајден мртов во хотелска соба во Удине пред екипата да замине на мечот со Удинезе што предизвика вистински шок во тоа време во фудбалскиот свет, но не само во неговата земја туку и пошироко.
Капитенот на клубот Астори на четврти март замина во сон од срцев удар, а зад себе ги остави сопругата Франческа Фиорети и ќерката.
По смртта манекенката која е со потекло од Неапол реши во чест на фановите и клубот да остане во Фиренца заедно со нејзината ќерка, но целосно да се повлече од јавниот живот.
Таа по смртта на фудбалерот изјави дека градот и жителите и ја дават целосната поддршка и мотив да останат во Фиренца каде што заедно живееја со сопругот Астори кој почина ненадејно на 4 март 2018 година.
Инаку по повод смртта на фудбалерот таа сподели фотографија на која ја прегрнува својата ќерка, а двете гледаат во далечината на водата и небото.
View this post on Instagram
Un giorno di anni fa 2 viaggiatori spensierati ed ignari del futuro ,MA curiosi del NEPAL?.
-Вие, Виториа моето единствено безбедно место во светот, засекогаш, напиша таа.