Регионот вчера беше во неверување од видео снимката која се прошири со брзина на светлината низ целиот Балкан, а тоа е како се тепаат двете сестри и пејачки Едита и Инди.
Пејачките прво молчеа неколку часа, а потоа се огласи и Едита со фотографија на која напиша меѓу другото дека така функционираат семејствата и дека сите во даден момент се карале, па се смирувале.
А, потоа реши да сними и видео на „Тик Ток“ на кое повторно објаснува и се правда дека сето тоа било нормално за едно семејство.
@editaaradinovic
Претходно во објавата на Инстаграм таа напиша и дека е можно повторно да се степа со сестра и како пијаници пред супер маркет.