среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

На Инстаграм ја следат 7,3 милиони луѓе, а за Фејсбук не сака ни да чуе: Актерката студирала заедно со Марк, но еве што му замерува

На Инстаграм ја следат 7,3 милиони луѓе, а за Фејсбук не сака ни да чуе: Актерката студирала заедно со Марк, но еве што му замерува

Натали Портман откри зошто никогаш нема да има профил на Фејсбук иако студирала кај неговиот основач Марк Цукерберг.

Иако на Инстаграм ја следат 7,3 милиони луѓе, холивудската актерка не сака ниту да слушне за идејата за отворање профил на Фејсбук, каде што, веруваме, многу брзо би ја следела сличен број, ако не и уште повеќе обожаватели.

Но, 39-годишната Натали во интервју за австралиското ток-шоу „Проектот“ објасни дека верува дека на Фејсбук му претстои долг пат од филтрирање лажни вести. Таа без престан го критикува Фејсбук и покрај тоа што јавно откри дека има учено на Универзитетот Харвард со основачот на социјалната мрежа, Марк Цукерберг.

-Знаете, Фејсбук беше промовиран во училиштето кога и јас бев таму. Но, јас никогаш не се придружив на таа мрежа, рече таа, додавајќи дека социјалната мрежа на Марк мора да помине низ поголема одговорност за видот на содржината објавена на таа платформа.

„Со оглед на тоа што тие се еден вид платформа за објавување, тие претставуваат некои информации што луѓето ги перцепираат како факти“, заклучи таа.

Во едно од минатогодишните интервјуа, таа истакна дека е среќна што пораснала без социјални мрежи и што може да ги работи работите што ги сака без да ги споделува на постови со други.

Најнови вести