Една од најпопуларните хрватски пејачки Јелена Розга (42) ова лето започнала љубовна врска со 12 години помладо момче од Белград.
Розга инаку важи за една од јавните личности кои нема среќа во љубовта, па затоа вешто го крие од медиумите и јавноста.
Станува збор за белградско момче кое се занимава со консалтинг услуги, а со пејачката се запознало преку заеднички пријател на една забава во Белград.
-Разликата од 12 години не им прави никаков проблем, тој ја чува и негува како никој маж досега. После Стјепан Хаусер кој за неа беше лош човек, повеќе од потребено и е момче кое е потполно спротивното од него, вели извор за српски „Стори“.
За потсетување Розга пред две години стави точка на врската со Стјепан Хаусер иако многумина им предвидуваа брак и семејство, но нивната врска не опстана.
Инаку по ова фановите веднаш и порачаа на пејачката дека неа и треба сериозен маж и зрел, а тоа значи да не е помлад од неа, во никој случај не дури 12 години помлад.