сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

НА НЕА ПОТРОШИЛ НЕВЕРОЈАТНИ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Роберто Кавали ги исполнува сите желби на неговата 45 години помлада девојка

НА НЕА ПОТРОШИЛ НЕВЕРОЈАТНИ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Роберто Кавали ги исполнува сите желби на неговата 45 години помлада девојка

Велат дека вистинската љубов не познава години, а еден од поекстремните примери е 14-годишната врска на познатиот дизајнер Роберто Кавали и неговата 45 години помлада девојка Сандра Нилсон.

Тие влегоа во врска во далечната 2008 година, а и покрај прогнозите дека нема да трае ниту еден месец, нивната љубов и понатаму е силна како и првиот ден. Сепак, тоа не ги спаси од коментари дека тој би можел да ѝ биде дедо, а Сандра ја интересираат само неговите пари.

Меѓутоа, кога нејзината манекенска кариера почна да згаснува, тогаш љубовта со Роберто Кавали почна да блеска. Родена на 17 февруари 1985 година во Шведска, Сандра рано започнала да работи во модната индустрија.

Кога имала 14 години, скаути од една француска модна агенција ја забележале нејзината специфична убавина – големи сини очи и кафена коса, што е реткост во нордиските земји.

Со текот на годините, таа освојувала награди, меѓу другите за Мис на ЕУ, Мис на светот на бикини, Мис на Хаваи и конечно за најубава жена во Шведска, а беше и модел на Плејбој.

Дека сега ужива во луксуз, докажува и фактот што модниот дизајнер, кој неодамна го прослави 82-от роденден, решил на својата девојка да ѝ купи остров во Шведска со луксузна вила. Имено, Роберто на Сандра и купил упориште на Викинзите од 11 век во Шведска на приватен остров, кој чини 3 милиони евра.

Така Сандра Нилсон стана нова сопственичка на остров во родната земја, недалеку од Стокхолм.

На островот има и прекрасна вила со четири спални соби, дел за лов, базен, терен за голф, но и остатоци од викиншка тврдина, пишува Daily Mail.

Дополнително, поранешната манекенка може да џогира колку сака по добро одржуваните патеки долги 1,5 километри, а островот има и приватно пристаниште со траект кој може да прими 10 луѓе.

Инаку, Кавали и Сандра се запознале кога тој се развел од сопругата, а со неа, како што вели дијазнерот, го нашол својот мир, таа е неговата муза, неговата вистинска љубов и не се грижат за разликата во годините.

Најнови вести