Познатата босанска пејачка Азра Колаковиќ попозната како дона Арес почина на 2 октомври 2017 година, а овие денови речиси сите медиуми во регионот се потсетуваат на нејзините последни мигови од животот.
Во текот на својата кариера ја освојуваше публиката во регионот со големиот број на хитови, а нејзината кариера мораше да ја прекине поради тешката болест која на крајот не успеа да ја победи.
View this post on Instagram
Прв пат со болеста се соочи на 38 години, а ракот три пати и се враќаше во текот на три годишното лекување. Во текот на најтешките мигови често информираше и преку социјалните мрежи каде со своите следбеници ги споделуваше сите детали од животната битка.
Сепак многумина се изненадија кога Дона сподели дека во текот на пеколната болест и се случил љубовен бродолом.
View this post on Instagram
Имено пејачката во најтешките денови се соочи со еден од најтешките животни удари кога се разведе од својот долгогодишен партнер, композиторот Давид Љубовчиј.
Дона оваа одлука ја донесе само еден месец пред смртта, а фотографија од разделбата сподели на својот Инстаграм профил.
View this post on Instagram
По, ова таа се обрати уште еднаш до јавноста со пред чувство дека тоа е за последен пат, таа тогаш сподели фотографија од почетокот на кариерата под која остави емотивна порака.
View this post on Instagram
-Ве сака вашата Дона Арес, стој во описот на фотографијата која многу фанови ја сметаат како нејзино простување од нив.