Актерката Лидија Вукичевиќ, жена која не се сменила речиси 30 години и која според многумина изгледа се подобро со текот на времето, не зборувала често за својот емотивен живот во јавноста, што е случај и со нејзиниот поранешен сопруг.
Со него се разделија во далечната 1991-ва година. На 29-годишна возраст, кога доживеа вртоглава популарност играјќи ја улогата на Виолета Попадиќ, актерката се заколна на вечна љубов на тогаш успешниот фудбалер Митар Мркела, па не е чудно што свадбата на Лидија Вукичевиќ предизвика големо внимание во јавноста.
Млади, убави и успешни, својата долгогодишна љубов ја крунисаа со брак од кој добија два сина, но иако Лидија ја запостави својата глума додека тој ја градеше кариерата во странство, тоа не беше доволно за нивната заедница да преживее. Девет години по свадбата на Лидија Вукичевиќ и Митар Мркела, парот се развел, кога нивниот син Андреј одел во трето одделение во основно училиште, додека Давид имал три години.
Ретките фотографии од нивната свадбена веселба сведочат зошто Лидија важи за една од најубавите и најпосакуваните дами од јавната сцена, а додека блескаше во снежно бела венчаница, Мркела се одлучи за свечено одело.
Лидија денеска на шега вели дека е среќно разведена, а во интервјуата постојано истакнува дека синовите ги одгледала без ничија помош.
-Моите деца ги воспитав сама. Јас сум апсолутно и двајцата нивни родители. Не велам дека мојот поранешен сопруг не се занимавал со нив. Секако дека да, но за мене е поинаку бидејќи живеам сама со нив последните 17 години, изјави своевремено Вукичевиќ.