Тенисерката Ана Ивановиќ на раката носи часовник кој често го привлекува вниманието на фановите, а неговата цена е вистинско мало богатство.
Таа го избра еден од најскапите Rolex часовници, моделот Daytona Cosmograph, а поради неговиот специфичен изглед и боја често го нарекуваат и „Panda“.
Овој модел на часовник се продава на таканаречениот „сив пазар“ по неколкукратно повисока цена од салонската која изнесува 14.000 евра. На „сивиот пазар“ ова скапоцено парче достигнува цена и до вртоглави 50.000 евра.
За споредба, со цената на овој часовник што Ана го носи на рака, може да се купи еден стан.
Иако е свесна дека носи вистинско мало богатство, Ана никогаш не го потенцирала тоа, туку дискретно ги комплетира комбинации по кои е позната.
Погледнете за кој часовник станува збор:
View this post on Instagram