Старлетата Сораја Вучелиќ отсекогаш ги привлекува погледите каде и да се појави, па сега тоа го направила во Црна Гора каде моментално одмара.
Папарацо патролата на порталот Pink.rs ја сликаше во ресторан додека таа била со синот Кан.
Освен што ги привлекуваше погледите на љубопитните луѓе поради нејзиниот атрактивен изглед, сите сакаа да „погледнат“ во нејзината количка.
Сораја за оваа пригода избрала долг фустан во светли бои, а како што пишува ПИНК, целиот нејзин стајлинг вреди цело богатство!
Имено, таа е од глава до пети во дизајнерски парчиња. Од споменатиот фустан, до скапиот часовник, чанта, очилата за сонце…
Не смееме да ја заборавиме и луксузната количка за бебето кое исто така вреди цело богатство.
Инаку, таа неодамна се најде во центарот на вниманието поради апсењето во Будва, наводно во алкохолизирана состојба. Сораја набрзо била пуштена од притвор, а морала да плати казна од 600 евра.