понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

На сите ни е омилена, а нив омразена: Скандалозната брачна двојка “распали“ по Фиби од „Пријатели“ – еве што им направила

На сите ни е омилена, а нив омразена: Скандалозната брачна двојка “распали“ по Фиби од „Пријатели“ – еве што им направила

Лицата на „The Hills“, брачната двојка Хајди Монтаг и Спенсер Прат, секако се познати по тоа што често ги следат скандали.

Од кога влегоа во врска – беше турбулентно и така продолжија да живеат како маж и жена, а сега се и родители. Сепак, никој не беше изненаден кога „машкиот дел од оваа моќна двојка“ на неговиот TikTok зборуваше многу негативно за Лиса Кудроу, актерката која своевремено ја играше улогата на Фиби во „Пријатели“ и на тој начин, покрај светската популарност, доби и бројни симпатии од публиката.

Кога еден фан го прашал кој е најлошото човечко суштество што некогаш го сретнал, без размислување тој рече дека тоа е Лиса.

„Тоа е лесно. Фиби од Пријатели. Буквално најлошата личност на која сум налетал“.

Потоа, тој објасни како и ја доделил најомразената „титула“ на телевизиската ѕвезда, предизвикувајќи вистинска лавина од коментари.

-Јас и Хајди бевме поканети на гала прослава во 2009 година. Меѓутоа, откако стигнавме, ни беше јасно дека никој не не сака таму. Се чувствувавме како да сме на скриена камера, но не ни беше грижа. Сепак, имаше добра храна, пијалоци… Седнавме, јадевме кавијар, но никој не размени збор со нас, се присети Спенсер, кој никогаш не криеше колку го привлекуваат скапите работи и чувството дека се во медиумите.

-Лиса, пак, пред мене и кажа на Хајди дека мора што побрзо да ме остави. Таа и кажала и дека мисли дека ќе ја убијам затоа што имам очи на сериски убиец. Кога погледна наоколу мислејќи дека Лиса се шегува, никој не се смееше. Тоа беше навистина грубо од неа. Навистина не сум доживеал такво нешто, рече тој, сигурен дека е во право, иако некогаш го сметаа за човек „кој ја отру Хајди, ја одвои од нејзиното претходно општество, животот воопшто… поради тоа како се однесува, особено во алкохолизирана состојба“.

Најнови вести