сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

На славниот актер ќе му се суди за сек*уални престапи од пред 20 години, Спејси се изјасни за невин

На славниот актер ќе му се суди за сек*уални престапи од пред 20 години, Спејси се изјасни за невин

Американскиот актер добитник на Оскар, Кевин Спејси, денеска пред судот во Лондон се изјасни за невин по обвиненијата за сексуални престапи кои датираат од пред речиси 20 години, пренесува Ројтерс.

На денешното рочиште Спејси објави дека „не е виновен“ по пет точки од обвинението пред кривичниот суд во Лондон, а почетокот на судењето е закажан за 6 јуни 2023 година, наведува британската агенција.

Обвиненијата против Спејси се однесуваат на два наводни инциденти во Лондон во 2005 година, уште два во 2008 година и инцидент во Глостершир, западна Англија, во 2013 година.

Нападнатите мажи сега се во своите 40-ти и 30-ти години, пишува британскиот печат, а Спејси, кој во 1990-тите ги освои Оскарите за филмовите „On Duty“ и „American Beauty“, рече дека е подготвен да се брани во Велика Британија и дека е убеден дека на секое судење ќе се докаже дека е невин.

Најнови вести