четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

На српска пејачка ѝ се заканува затвор затоа што прислушувала полицискиот генерал

На српска пејачка ѝ се заканува затвор затоа што прислушувала полицискиот генерал

На пејачката Љупка Стевиќ и се заканува затвор, бидејќи го прислушкувала полицискиот генерал Драгиша Симиќ. Пејачката и генералот веќе неколку дена се во центарот на внимание кај јавноста, поради сканадалот кој се случил во Белград.

Љупка поради нејзината недоверба во него, му уништила два автомобили а во јавноста го обвини дека тој ја изневерил со три малолетни девојки.

Претходно таа му поставила и апарат за прислушкување, а снимката ја доставила до јавноста. Српските медиуми пренесуваат дека пејачката сега може да добие една година затвор и парична казна доколку се докаже кривично дело.

Ако снимката се даде на користење на медиумите, тогаш казната затвор може да достигне и до три години. Колкава ќе биде казната за Љупка, зависи од мотивот, објективните причини, олеснителните околности и животните причини, поради кои таа го прислушкувала Драгиша.

Ако се земат во предвид сите работи, казната би можела да биде и помала.

Најнови вести