четврток, 18. јануари 2024. Вести денес: 0
home Познати

На Тоти „нема да му биде добро“: Неговата поранешна сопруга веќе нашла друг – жешки кадри од заедничкиот одмор со саканиот

На Тоти „нема да му биде добро“: Неговата поранешна сопруга веќе нашла друг – жешки кадри од заедничкиот одмор со саканиот

На Илари Бласи воопшто не ѝ е грижа за Франческо Тоти и продолжува на свој начин, а по потегот кој го направила во саботата, на легендарниот капитен на Рома сигурно не му било добро.

Љубовната приказна помеѓу Илари Бласи и Бастијан Милер продолжува во полн ек.

Илари Бласи изминатите денови објави серија жешки кадри со Бастијан Мулер и му честиташе роденден на новиот партнер.

Бласи на Инстаграм објави фотографија на која нежно се бакнува со своето момче Бастијан Мулер.

Водителката објави романтично видео во чест на роденденот на партнерот:

„Среќен роденден драги, ти посакувам сè најдобро со многу љубов“.

Заедно посетиле многу дестинации, од романтичниот Париз до релаксирање на швајцарските планини. Накратко, исто како и Франческо Тоти со Ноеми Боки, Илари Бласи изгледа повторно ја пронашла љубовта.

На една од фотографиите парот е во базен, додека се опуштени и се галат. На друга фотографија безгрижно се смеат додека одат на прошетка. А во последната фотографија во планина, водителката се одмора во прегратките на својот партнер.

Бласи одлучила да му зададе дополнителна главоболка на Тоти со тоа што ги запознала своите деца со новото момче и им кажала дека во наредниот период ќе поминува многу време со германскиот бизнисмен.

Не е исклучено Бласи, нејзините деца кои ги има со Тоти, и Мулер наскоро да почнат да живеат заедно. Тоа е веројатно најголемата болка на славниот фудбалер.

Најнови вести