Џеф Безос, еден од најбогатите луѓе на планетата, од ботокс не личи на себе, очигледно е дека тој на погрешен начин се обидува да го запре стареењето.
Мултимилијардерот Џеф Безос синоќа во Лондон изгледал никогаш помладо, а сите погледи биле насочени кон неговото презатегнато лице.
Имено, тој со својата вереница Лорен Санчез присуствувале на премиерата на филмот „The Lord Of The Rings: The Rings Of Power“.
Неговото појавување иницирало бројни гласини, многумина го делат мислењето дека овој богаташ сака да го запре стареењето, но сепак очигледно е дека тоа го прави на погрешен начин.
Можеби за неговото тежнеење кон младоста придонела љубовта со Лорен која повторно била „главна“ на црвениот тепих.
Уште од минатата година се шпекулирало дека Безос се подмладувал со вештачки методи, после летот во вселената, а тие сомнежи на крај се потврдиле.
„Тоа е драстична потврда. Би рекла дека би одел на вбризгување филери и одредени инјекции непосредно пред да стигне во центар на внимание поради патувањето во вселената“, истакнала д-р Кори Л. Хартмен, инаку дерматолог од Алабама.
Со ставот на докторката се согласил и д-р Гари Мотики, додека прес-службата на Безос не се огласила за „кризата на средните години на милијардерот“.
Исто така јавноста коментира дека нема ништо лошо во тоа да се коригирате себеси и тоа со што не сте задоволни.