сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Најголемата тајна за фризурата на кралицата Елизабета: Откриено е зошто токму така се стрижела, а еве и колку често ја миела косата

Најголемата тајна за фризурата на кралицата Елизабета: Откриено е зошто токму така се стрижела, а еве и колку често ја миела косата

Кралицата Елизабета, најдолговечниот владетел на Велика Британија која беше на тронот цели 70 години, почина во четвртокот, на 8 септември, на 97-годишна возраст. Денеска ковчегот со нејзиното тело е донесен во Вестминстерската палата, каде што ќе остане четири дена пред погребот, така што бројни обожаватели ќе се простат од Елизабета Втора.

Изминативе денови беа откриени бројни детали од животот на оваа голема владетелка, од тоа како го добила прекарот, кој и е омилен член на семејството, околу комплицираната врска со сестра и, па дури и што ќе се случи со нејзините омилени миленичиња. Една од темите за која се пишува е и фризурата на Елизабета Втора, која практично не ја променила од моминските денови.

Нејзината коса е целосно симетрично потстрижена, а има и причина за тоа.

– Нејзината коса мора да изгледа исто од профил до профил. Така, без разлика на кој начин луѓето ја гледаат, таа секогаш изгледа исто. Се верува дека кралицата избрала траен минивал за да ја скроти нејзината природно брановидна коса. Кадриците можат да траат долго неколку месеци, нешто што се покажа како многу корисно за време на локдаунот поради коронавирусот. Во текот на првите неколку месеци од пандемијата, кога правилата беа строги за сите, вклучително и за британската монархија, таа, наводно, сама ги стилизирала локните, откри извор за британските медиуми.

Инаку, кралицата порано ја бојадисувала косата со боја наречена „Чоколаден бакнеж“, а од оваа навика се откажала во 1990 година, кога ја пуштила сивата коса. Како што стареела, решила да ја скрати косата и да остави само две локни на страна, токму за да го постигне тој ефект на огледало – да изгледа исто од левиот и десниот профил.

Таа 23 години го имала истиот фризер, Шкотланѓанецот Иан Кармајкл, кој живеел и работел во Лондон. Кралицата ја средувала косата еднаш неделно, а потоа Иан доаѓал во Виндзор или Бакингемската палата, во зависност од тоа каде таа престојувала во тоа време. Извори блиски до британската монархија открија дека таа често успевала сама да се облече.

– Кралицата со години сама си ја средуваше косата во Балморал за време на летните одмори, па тоа воопшто не ѝ беше непознато.

Најнови вести