вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Најконтроверзниот пар на планетата повторно заедно?

Најконтроверзниот пар на планетата повторно заедно?

Американската актерка Меган Фокс и музичарот Машин Ган Кели изгледа решија да ѝ дадат уште една шанса на својата љубов.

Да потсетиме, филмската ѕвезда во средината на февруари ги избриша сите фотографии со својот (поранешен?) вереник, а потоа и профилот на социјалната мрежа Инстаграм, но пред тоа сподели стихови од албумот Lemonade на Бијонсе, кои се однесуваат на Џеј Зи и неговото наводно мамење.

Сите протолкуваа дека сакала да истакне дека Машин Ган Кели ја изневерил со гитаристката Софи Лојд, за што се шпекулираше претходно.

Меѓутоа, по извесно време актерката го прекина медиумскиот молк и на Инстаграм објави дека нема мешање од страна и дека „сите треба да ги оставиме невините луѓе на мира“.

Еден месец по целата драма, Меган Фокс се појави на забавата на Vanity Fair по Оскарите поубава од кога било и без веренички прстен, што дополнително ги подгреа сомнежите дека решила да ја остави врската со музичарот зад себе.

Сепак, како што објави Дејли Мејл, двајцата сепак решиле да и дадат уште една шанса на својата врска, па биле видени на Хаваи на одмор како уживаат и се држат за рака.

Како што изјавил извор за Дејли Мејл, парот официјално е повторно заедно откако поминале низ тежок период во нивната врска.

– Последните неколку месеци и за двајцата беа тешки, но решија да отпатуваат за да си ги излечат раните. Работеше, сега се чувствуваат поповрзани од кога било – рекол изворот и додал:

– Меган верува дека Колсон (Колсон Бејкер е вистинското име на Машин Ган Кели) е нејзината сродна душа. „Таа никогаш немаше намера да се откаже од нив, но сметаше дека треба да поминат квалитетно време заедно, додал изворот.

Најнови вести