среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Најпознатата италијанска водителка стана мајка на денот на нејзиниот роденден – фудбалерот пресреќен татко, името на ќеркичката добро познато во Македонија!

Најпознатата италијанска водителка стана мајка на денот на нејзиниот роденден – фудбалерот пресреќен татко, името на ќеркичката добро познато во Македонија!

Најпознатата спортска новинарка Дилета Леота на Инстаграм објави дека родила девојче.

Таа сподели фотографии со нејзината ќерка и партнерот Лорис Кариус. Кариус ја изненади со торта.

„Денес се преродив преку тебе. Добредојде Арија. Ти си најдобриот подарок што можевме да го побараме“, напиша новопечената мајка.

За потсетување, Дилета откри дека е бремена на крајот на март. „Мораме да кажеме нешто… Но, дали сите веќе го знаевте тоа? Наскоро ќе бидеме тројца“, напишала тогаш заедно со видеото на кое таа и нејзиното момче се гушкаат и плачат од среќа.

Леота ја потврди врската со Лорис со фотографии од новогодишната ноќ. Двојката позираше гушната пред златни и бели балони, а голманот ѝ подари на Дилета бакнеж во образот. Новинарката претходно беше во врска со турскиот актер Џан Јаман.

 

Најнови вести