четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

НАЈПОЗНАТИТЕ ЛИЧНОСТИ ИМ СЕ СОСЕДИ – Јелена и Ноле ќе живеат во вила од соништата во Марбеља

НАЈПОЗНАТИТЕ ЛИЧНОСТИ ИМ СЕ СОСЕДИ – Јелена и Ноле ќе живеат во вила од соништата во Марбеља

Новак Ѓоковиќ (33) се сели со семејството, по низа години поминати во Монако, а новиот дом ќе им биде шпанската Марбеља, каде што Јелена Ѓоковиќ (34) и најдобриот светски тенисер сметаат дека се подобри условите за школување на нивните деца.

Најновите информации што ги пренесуваат шпанските медиуми зборуваат дека Ноле новата луксузна вила ја платил неверојатни 10 милиони евра. Раскошната недвижнина има 1.000 квадрати, а сенаоѓа на имот што се протега на 3.500 квадратни метри.

Новиот дом на семејството Ѓоковиќ поседуваа базен, огромна вежбалница, тениски терен, голема скара, девет спални соби, осум тоалети, игротека, импресивна дневна соба, прекрасна градина со поглед на море… Она што е интересно е и тоа што се наоѓа во луксузниот дел на ова шпанско летувалиште, па така за соседи ќе имаат познати светски ѕвезди, како Кристијано Роналдо, Владимир Путин, кралот на Саудиска Арабија, Салман бин Абдулазиз Ал Сауд, како и актерите Антониот Бандерас, Џорџ Клуни, Роберт де Ниро, Долф Лундгрен, Хју Грант, Хулио Иглесијас, Сајмон Кауел, Ева Лoнгорија, Фабио Капело…

Извор: УБАВИНА И ЗДРАВЈЕ

Најнови вести