сабота, 9. март 2024. Вести денес: 0
home Познати

Најследениот јутјубер реагираше на веста за сопствената смрт: „Зошто има ова 100.000 лајкови?“

Најследениот јутјубер реагираше на веста за сопствената смрт: „Зошто има ова 100.000 лајкови?“

Претприемнички настроениот јутјубер MrBeast е жив и здрав. Тој ја прифати веста дека ненадејно починал – што деновиве ги зафаќа социјалните мрежи – како невкусна шега. На почетокот тој не реагираше на приказната за неговото заминување за да види како ќе се развива ситуацијата, но кога веста за неговата „смрт“ почна да се шири и фановите почнаа да оставаат коментари „R.I.P“, 25-годишниот Американец, чие вистинско име е Џими Доналдсон, се огласи и ги демантираше озборувањата. Во исто време, не му пречело самото лажно тврдење, туку тоа што собрало околу 160.000 лајкови. Токму тоа го поттикнало да проговори.

Имено, Џими Доналдсон е една од највлијателните ѕвезди на YouTube. Неговиот канал достигна 130 милиони претплатници во јануари оваа година. Започнал како 13-годишник, а неговата почетна содржина се занимавала со среќата на другите, тогаш поуспешни Јутјубери. Бил провокативен, духовит, понекогаш злобен, но секогаш смешен – што на крајот го прослави. Денеска има компанија со триесетина вработени, неговата содржина е полна со предизвици, наградни игри и шеги на сечија сметка, вклучително и на неговата, па на почетокот беше оправдано да се мисли дека приказната за неговата смрт е всушност трик. Тоа беше доволно за да се растажат над 100.000 фанови.

“Што?! Тој умре?!” велат коментарите. Имено, лажните информации почнале да се споделуваат и покрај предупредувањето на Твитер дека објавата нема релевантен извор, пишува Инсајдер.

За Џими Доналдсон, скромниот број на тажни коментари во споредба со морето од прегледи на неговиот канал не треба да се земе лесно. И кога се мислеше дека приказната за лажната смрт е завршена, се јави ликот кој на шега или не, тврдеше дека е виновникот за приказната.

„Ти воскресна од мртвите само за да одговориш на мојот твит. Ќе избришам сè ако ми испратиш 10.000 долари“, побара тој.

После тоа Доналдсон престана да одговара, а замолче и авторот на твитот со кодно име @ExtremeBlitz. Сега со нетрпение чекаме што ќе смисли Доналдсон на својот канал, можеби со нов, урнебесен предизвик ќе ја објави „посмртницата“ на авторот на твитот од кој почна се.

Најнови вести