На крајот на 2017 како бомба во светскиот шоубизнис одекна веста дека најголемиот латино заводник Енрике Иглесијас и преубавата екс тенисерка Ана Курникова станаа родители.
Бременоста на убавата Ана вешто беше криена од јавноста. Но, сега убавата двојка реши да ги објави првите фотографии од своите близнаци.
Ана и Енрике пред еден месец станаа родители на близнаците Николас и Луси, а гордиот татко денеска ги израдува своите фанови на Инстаграм со фотка од едно од бебињата.
Со ист опис „моето сонце“ и мама Ана објави фотографија, најверојатно од другото бебе.