недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

НАЈУБАВО ТЕЛО НА 58 ГОДИНИ: Познатата актерка практикува едноставна диета , почитува само ЕДНО правило

НАЈУБАВО ТЕЛО НА 58 ГОДИНИ: Познатата актерка практикува едноставна диета , почитува само ЕДНО правило

Цел Инстаграм гори од заводливите кадри на Елизабет Харли! Убавата актерка на 57 години има тело на триесетгодишна жена, па не е ни чудо што сите жени ги интересира како се храни и одржува толку убава фигура.

Во едно интервју таа признала дека долго време внимава што јаде, но дека постепено воведувала промени во исхраната. „Тоа трае со години, а најважното правило за исхрана го воведов по мојот 50-ти роденден“, вели убавата Елизабет, која тврди дека никогаш не е гладна.

„Во секој мој оброк 50 отсто од вкупната количина на храна мора да биде зеленчук или овошје“, објаснува актерката. „На пример, ако имам сендвич за појадок, мора да јадам и јаболко. Не јадам слатки, многу ретко пијам алкохол или многу малку, а сто години не сум јадела преработена храна.

Нејзиното најголемо жалење е што пушела, но одамна се ослободила од таа штетна навика.

Нејзиното утро започнува со две шолји топла вода. „Вкусот е ужасен, но таа вода прави чуда за дигестивниот систем“, признава Лиз. Сака да појадува банана со грчки јогурт, прелиена со малку мед.

За ручек јаде супа, вечера месо и зеленчук. Таа има среќа да одгледува органски зеленчук на имотот, но секој што не може треба да купи локално произведена храна, смета Елизабет. Нејзиниот единствен грев е путерот од кикирики, па затоа внимава да не се приближи до теглата со лажица во рака.

– Ако го направам тоа, по првото, веднаш следи второто, признава убавицата. „Затоа само го пикам прстот и го лижам“, вели таа.

Најнови вести