Редона Кочи веќе долго време е една од најпопуларните девојки во медиумите ширум регионот. Иако нејзината професија е манекенството, Редона е позната и како најзгодна адвокатка бидејќи дипломирала правен факултет.
Манекенството е нејзин избор и веројатно ќе продолжиме да ја гледаме и во проекти надвор од Албанија.
-Веќе е досадно што ме нарекуваат адвокатка, еден ист наслов цело време. Одлучив да студирам право поради смејството, но никогаш не ми беше тоа желба. Мене ми се допаѓа да се занимавам со уметност, манекенство. Моментално имам планови со еден популарен фотограф. Ќе направам нешто големо, освен на албанскиот пазар ќе ме гледате и надвор од него, истакна за албански Телеграф атрактивната „адвокатка“.
На прашањето дали имала хириршки зафати, таа призна дека направила само корекции на усните и ништо друго.
-Правени ми се усните и тоа пред многу години и не се каам. Други интервенции немам, формата ја одржувам благодарение на теретаната, раскажала Редона.