Емили Ратајковски водела бурен живот пред бракот, а и откако доби дете продолжи со тоа темпо и по разводот.
Манекенката и актерка која со изјавите и објавите на Инстаграм непрекинато ја интригира јавноста по разводот со својот сопруг Себастијан Бер Мек Клард, повторно даде повод за насловни страни.
На почетокот на октомври, Емили Ратајковски изјави дека разводот од холивудскиот продуцент тешко ѝ паднал поради тоа што дознала дека ја изневерувал.
„Моментално ја чувствувам секоја емоција која постои на овој свет. Бес, тага, среќа, возбудување, радост. Секој ден е различен. Добрата работа е тоа што секогаш можам да чувствувам разни работи што е знак дека ќе бидам во ред. Би била многу загрижена доколку целосно „оладев“ после сето ова“, изјавила Ратајковски за „Harper’s Bazzar“.
По разводот со Себастијан се шпекулираше дека Емили се гледа со диџејот Орацио Рисп и Бред Пит, но таа ги демантирала приказните и вели дека ѝ треба време за да закрепне од бракот којшто бил емотивно тежок за неа.
Емили и Себастијан поднеле документи за развод во септември кога инсајдер за „Page Six“ изјавил дека причината е неверство.
„Тој е сериски измамник. Одвратна џукела“, изјавил изворот.
Парот се договорил дека еднакво ќе бидат ангажирани за растењето на нивниот едногодишен син Силвестер.
„Никогаш во животот сум немала појасна цел отколку сега. На прво место е Силвестер и тоа е тоа. Тој ме научи што всушност е важно за мене и што треба да научам“, додала Ратајковски за „Harper’s Bazar“.
Емили привлекла и големо внимание минатата година во интервју за „Vogue“ за кое открила дека не сака да врши притисок на својот син туку да го одгледува така што сам да ја преземе родовата улога која ја сака – девојче, момче или што и да посака.