среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Накитот на убавата Мирка чини колку стан во Скопје – еве ги поединечните цени

Накитот на убавата Мирка чини колку стан во Скопје – еве ги поединечните цени

Мирка Васиљевиќ важи за жена со стил, па секое нејзино појавување во јавноста внимателно се следи. Секој детаљ што го носи убавата актерка не останува незабележан и на него се гледа со големо внимание, па така накитот на Мирка им падна во очи на многумина.

Актерката за време на гостувањето во емисијата „Магазин ин“ носеше цело богатство на себе, поточно накит вреден колку стан во Скопје. Имено, накитот на Мирка Васиљевиќ бил од една од најпознатите златарници Van Cleef and Arpels и Cartier, а неговата цена, според гласините, е дури 52.000 евра.

Покрај тоа, актерката носела и две “картие лав“ алки чии модели чинат 8.000 и 5.150 евра. Имаше уште една „картие“ нараквица која чини 8.650 евра. Цената на прстенот што го донела е 2.880 евра.

Мирка носеше ланче Van Cleef Alhambra чија цена е 15.600 евра, како и нараквица од истиот бренд за 12.100 евра. Не треба да се занемари и часовникот Rolex на нејзиниот зглоб вреден 16.000 евра.

Така тие кои анализираа дојдоа до вкупната цена на нејзиниот накит, а тоа е над 68.000 евра.

Најнови вести