Актерката Јелена Јованова публиката ја освои со нејзинита улога на Јелена од Драчево во „Преспав“ .
Изминатиот период Јелена често беше во Скопје поради снимањето на шестата епизода на „Преспав“ кој заврши неодамна, а веќе сите се прашуваат дали ќе има и седма сезона.
View this post on Instagram
Јелена e актина на „Инстаграм“ , но најчесто споделува фотографии од професионалниот живот.
Кога станува збор пак за нејзината приватност, Јелена ужива во брак со актерот од Хрватска, Стјепан Периќ.
Македонската актерка со хрватска адреса на живеење многу ретко, речиси никогаш не споделува приватни моменти со сопругот со кој го има и синот Јаков.
View this post on Instagram
Нивната љубов се случи пред камери во 2014 година кога заедно ја снимаа серијата „Тајни“, каде Јелена ја имаше главната улога.
Таа ужива во семејната идила зад камерите. Меѓутоа, овој пат Јованова направи исклучок и сподели фотографија со синчето.
Имено, додека многумина среде зима уживаат на некоја планина, таа ужива на плажа во Хрватска. Во кусите приказни на „Инстаграм“ сподели фотографија на која позира заедно со наследникот на плажа покрај море.
Нема сомнеж дека актерката ги полни батериите и ужива во љубовта со своето детенце.
За потсетување, Јелена и Стјепан во 2020 првпат се реализираа во улогата на родители.