Младата поп ѕвезда Тара Стојановиќ денеска им се обрати на своите следбеници на Инстаграм, каде им порача да бидат особено претпазливи, по пеколното и бизарно искуство на нејзината пријателка.
Имено, Тара ги шокираше сите кога кажа дека на другарка и ѝ истуриле солна киселина во чашата наместо вода, поради што итно завршила на клиника.
„Луѓе, бидете внимателни! Една пријателка била во кафуле и наместо вода и истуриле солна киселина во чашата. Ги изгорела желудникот и хранопроводникот, а келнерката ја убедувала дека се работи за кисела вода. Таа е на клиника, преживеа, но само да знаете, бидете внимателни“!