Контроверзниот кошаркар Денис Родман во интервју за „The Breakfast Club”, откри дека имал непристојна понуда од славната пејачка Мадона со која бил во врска во 1994-та година.
Некогашниот НБА шампион во Детроит и Чикаго во интервјуто открил детали од односот со ѕвезда Мадона.
-Ми рече дека ќе ми плати 20 милиони долари ако и направам дете и ако таа успешно роди. Таа беше во Њујорк во својата куќа, а јас бев во казино. И кажав дека ќе дојдам, а Мадона испрати авион по мене. Дојдов кај неа ја завршив работата и се вратив во Лас Вегас да се коцкам, изјави во интервјуто ексцентричниот Родман.