Во јавноста се појавија документи, во кои стои кои услови треба да ги исполнат наследниците на Хју Хефнер, основачот на Плејбој, кој почина во септември годинава.
Во случај да потклекнат, тие ќе останат без наследство. Ова се однесува на вдовицата Кристал и на четири деца.
Освен вдовицата, Кристал Хефнер, наследниците на починатиот Хефнер, исто така, се негови деца, Кристи А. Хефнер, Дејвид Хефнер, Марстон Хефнер и Купер Хефнер, за кои нивниот татко поставил многу конкретен услов за да ги добијат парите.
Во документите пишува дека наследниците никогаш не смеат да станат зависници од алкохол и дрога. Во случај да не одолеат, остануваат без пари.
Ако се случило некој од наследниците навистина да остане без правата, според документот, тие права можат му се вратат ако наследникот докаже дека ништо не консумирал 12 месеци од губењето на правата или ако комисијата заклучи дека е во состојба да се грижи за себе и за своите финансии.