Поп ѕвездата Наташа Баквалац се врати од Америка каде имаше турнеја, а сега откри дека моментално живее како потстанар поради средување на семејниот дом.
-Немав каде да се вратам по Америка… Сменивме друг стан! Последниот го изнајмив на два месеци, па имаме уште седум дена. Моментално сме во станот „за ден“, низ насмевка изјави Наташа Беквалац.
-Секој град ме импресионираше на свој начин. Њујорк, Лас Вегас и Мајами се неспоредливи. Тие две недели беше како да сум во некој вид на игра, но навистина. Во некоја убава игра, со среќен крај, додаде познатата пејачка.
Сите луѓе таму беа наши, се разбира. Кога станува збор за концертите, немав впечаток дека сум некаде каде што не сум на свое, истакнува Наташа, откривајќи дека се гледа себеси како живее во Америка, но не сега.