Познатите Русинки се подготвуваат за вечерашниот натпревар меѓу Хрватска и Русија во рамки на четвртфиналето на Светското првенство кое се одржува во Русија.
Манекенките и ангелите на Викторија, Ирина Шаек, Наталија Водианова и Наташа Поли на Инстаграм објавија навивачка фотографија за својата репрезентација која ги подгреа дополнително страстите на навивачите.
На истата тие носат само навивачки шал со кој ги прекриваат градите.
-Ние сме тим Русија, напиша секоја од нив во описот на фотографијата која е споделена на нивните профили.
Познатите Русинки очигледно се подготвени за навивање и поддршка на репрезентативците на домаќинот.