Ѕвезда на Мајами Хитс и еден од клучните играчи во НБА остана згрозен од цената на горивото додека го полнеше својот автомобил, еден од најскапите нови автомобили во светот.
Џими Батлер, НБА играчот кој потпиша тригодишен договор вреден повеќе од 146 милиони долари, беше запрепастен од цената на бензинот и тоа го покажа на начин како што би изреагирал и било просечен возач. „Големата вистина“ дека горивото денес е скапо ја дознал додека полнел еден од своите суперскапи автомобили.
Most relatable Jimmy Butler moment 🤣 pic.twitter.com/p3aTP8hxOX
— Brady Hawk (@BradyHawk305) September 26, 2023
Сметката за 19,9 галони чинела нешто повеќе од 145 долари или околу 1,83 евра за литар. „Можете ли да верувате дека чини 145 долари да се надополни „Bugatti“?
Батлер го повторил ова додека го возел својот втор, Ролс-Ројс автомобил, што го направи видеото уште побизарно.