сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

„Не беше лесно, но вредеше“: Хилари Свонк на 48 години роди близнаци

„Не беше лесно, но вредеше“: Хилари Свонк на 48 години роди близнаци

Познатата двојна „оскаровка“ Хилари Свонк роди близнаци на 48 години. Се работи за девојче и момче. Таа ја објави веста денеска на својот Инстаграм-профил.

Пресреќната американска глумица во објавата напиша – „не беше лесно, но вредеше“, покрај фотографија на која ги држи своите малечки со грб кон камерата и гледа кон океанот. „Среќен Велигден! Вака е во чистиот рај“, додаде таа.

Хилари не ги соопшти имињата на своите деца и не даде повеќе подробности.

Опсипана со честитки, објавата во првиот час им се допаднала на околу 100.000 луѓе.

Најнови вести