Пејачката Теа Таировиќ неодамна откри дека ги измамила своите први соработници, велејќи им дека е искусна пејачка, што во тоа време не била.
-Почнав да пеам со бенд од Нови Сад и лажно им се претставував. Реков дека сум полнолетнa, дека имам искуство со пеење, но бев малолетна и немав искуство. Не бирав средства за да стигнам до мојата цел, рече Теа,
„Имав само желба да застанам на која било сцена, само да ме види и слушне некој. Беше навистина трауматично. Немав никаков репертоар, не знаев да комуницирам со луѓе, ништо, а сакав само да настапам некаде. Од патики преминав на штикли, не знаев да шетам во нив“ – открила пејачката.