Џеф Безос, најбогатиот човек на светот тврди дека ова се три клучни стратегии за продуктивност. Тој советува: Имајте доволно спиење, не закажувајте состаноци пред 10 часот наутро и донесувајте само неколку одлуки на ден.
Безос е основач и извршен директор на „Амазон“, тој исто така е сопственик на „Вашингтон пост“ и основач на фонд вреден 2 милијарди американски долари, за да им помогне на бездомните семејства и да создаде нова мрежа на предучилишни установи во области со ниски приходи.
Мислевте дека Безос започнува со работа пред зори, има повеќе од 10 состаноци на ден и носи важни одлуки секоја недела. Вистината е всушност различна, пренесува Investitor.me.
Студиите покажуваат дека добариот сон ни помага да размислиме појасно, подобро да ги запамтиме информациите и да носиме подобри одлуки. Кога не добиваме доволно квалитетен сон, тоа ни ја загрозува нашата „извршна функција“ – збир на способности потребни за добро извршување на задачите во училиште, на работа и во други области од секојдневниот живот.
Безос оди во кревет рано за да си обезбеди осум часа спиење, затоа што како што вели, тогаш мисли подобро, има повеќе енергија и подобро е расположен.
За разлика од директорите кои денот го започнуваат зори, Безос сака да го започне утрото со шолја кафе, весник и појадок со семејството.
За некои, ова изгледа како целосно губење време, но Безос така се подготвува за денот. Она што е уште поинтересно е што тој претежно ги завршува средбите со ручек.
Како извршен директор, Безос изјави дека негова примарна работа е да носи мал на број, но квалитетни одлуки. Тоа не значи дека одлуките ги носи споро, туку смета дека за одржување на енергијата и динамиката во компанијата морате да донесете одлуки со висок квалитет, релативно брзо , што е доста едноставно за старт ап, а многу предизвикувачки за голема компанија.
„Ако донесам три добри одлуки на ден, тоа е доволно“, рече тој.
Затоа Безос работи на тоа да носи клучни одлуки со кои компанијата ќе оди напред, па затоа еднаш изјави
Иако Амазон е голема компанија , сакам да има срце и душа.